Мицкоски: Никогаш нема да го политизирам случајот во Кочани

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат се што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и на кој се работи заедно со ЕУ.

Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме. И работам на еден таков проект, заедно со канцеларијата на Европската унија. Се надевам дека многу скоро до крајот на месецот ќе го објавиме – големината на овој проект и што ќе опфаќа овој проект за Кочани. Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените ќе трае цел живот“, посочи Мицкоски и додаде:

Тоа не е сентимент, којшто се губи преку ноќ. Но ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата и, правда како што гледате за разлика од принципот до сега, веќе има, изјави Мицкоски.

Back to top button
Close