Мицкоски обвинува СДСМ и ДУИ имаат таен план за хаос на изборите

Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес. Да го збунат гласачот и да ја изиграат демократијата… Но зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера, длабоката држава на СДС и ДУИ – нивните луѓе распределни се во судството, изборната комисијаа и инстиуциите се во коалиција, рече Мицкоски.

Локалните избори нема да бидат вратата за влез на ДУИ во Владата, нема да поминат интригите од Зајас и Мала Речица – се подготвува таен план за уривање на изборниот процес, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој на партиски настан на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека е време да се открие „вистината за влаканите игри кои се подготвуаат зад кулисите“. Според него, СДСМ и ДУИ имаат смислено и координирано сценарио за хаос, политичка магла и манипулации.

„Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес. Да го збунат гласачот и да ја изиграат демократијата и да ја заматат чистата слика на нивниот историски пораз што доаѓа. Но зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера длабоката држава на СДС и ДУИ и нивните луѓе распределни се во судството, изборната комисијаа и инстиуциите. Тие денес се во коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, рече Мицкоски.

Настанот на кој се обраќаше Мицкоски е т.н. саем на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, под називот „Четири години работа за тебе“. Тој ги пофали остојните градоначалници за сработеното, истакнувајќи дека немаат ниту една афера зад себе. Се осврна на проектите од парите кои Владата ги издвои за општините и најави понатамошна соработка со локалната власт.

Не ги изостави критиките кон градоначалници кои, како што рече, не биле дел од коалицијата и не ја оправдале довербата, а тој лично се заложил за нив.

„Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме тие да станат градоначалници. Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела претходните 4 години. Едната личност уште еден месец и половина е на чело на градот Скопје, другата на една скопска општина. Но секое искуство е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурниу луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на локалните самоуправи,“ додаде Мицкоски.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close