Мицкоски очекува уште една историска победа
Историска победа очекува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска го оствари своето право и гласаше на локалните избори.
„Денеска е, би рекол ете, ден кога се одржува првиот круг гласање за локалните избори.
Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани.
Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Мицкоски по гласањето.
Смета дека народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика.
„Мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, додаде тој