Мицкоски: Од јавноста нема да скриеме ниту милиметар од договорот со Обединетото Кралство

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста за скоро ќе ги дознае сите детали од договорот со Обединетото Кралство и ги коментираше објавите на опозицијата за криењето детали од меѓувладиниот стратешки план вреден шест милијарди евра.

 

-Во однос на договорот со Обединетото Кралство, на јавноста ќе и бидат јасни и достапни сите детали од договорот, немаме намера да скриеме ниту милиметар од информациите, обвинувањата се од опозицијата која беше седум години на власт и сите тие години беа инфериорни на оние кои играа баскет и фудбалче во кабинет – рече Мицкоски.

 

За видеото каде дава изјава за британските медиуми кои го прашуваат за можно поставување мигрантски кампови како дел од новиот договор, Мицкоски одговори дека за јавноста и медиумите е најважна изјавата од британскиот амбасадор Метју Ласон, кој изјавил, како што вели Мицкоски, „Никакви кампови, никакви мигранти“.

Во однос на именување нов министер за здравство, премиерот изјави дека вчера имал „коалициска координација“ со престставници на Вреди и додаде дека во текот на неделата повторно ќе се сретне со нив за да ги разгледа предлозите за новиот министер за здравство, кој ќе го пополни празното место, кое до неодамна му припаѓаше на Арбен Таравари.

 

Back to top button
Close