Мицкоски од Делчево: За две ипол години дојдовме до можност да ја собориме оваа ненародна власт предводена од СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија. Затоа порача, Мицкоски, да гласаме за реден број 14 и за „Обнова на Македонија“.

Мицкоски пред делчевци истакна дека пред 30 месеци, започна последниот маратон на ВМРО – ДПМНЕ, за да се дојде до денешните Предвремени парламентарни избори.

-За само две ипол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејќи на поддршката која ни ја дадовте дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев, рече тој.

За тоа да се случи, како што додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, останаа само помалку од пет дена.

-Само пет дена не делат од победата над неправдата и понижувањата, помалку од пет дена не делат од оние истрошени политичари, се чувствува тоа од првиот собир во Охрид, па еве сега во Делчево. Се мобилизира Обновата, јас верувам во силата на македонскиот народ без разлика на етничките разлики, секогаш кога било најтешко тие биле најбројни и се спротиставувале и пред посилен противник, додаде Мицкоски.

Тој рече дека матрицата на СДСМ на овие избори е содржана во четири чекори.

-Првиот чекор е преидзборна лага, потоа следува вториот чекор национално предавство, третиот чекор плачка и криминал и подоцна обивнителстовото и судството им е потребно за носење сомнителни одлуки. Но ќе ве потсетам на првата генерација нивни политичари, кога ни ветуваа европска иднина само требаше да се откажеме од нашето знеме, за криминалот и корупцијата сведочат многу споменици од тоа време, се сеќавам наши родители кога бевте прогласени за технолошки вишок, мислевте како да се обезбеди егзистенција а за школувањето на вашите деца не стануваше збор. Ќе ве потсетам на аферата ТАТ, на онаа срамна распределба кога се парчеше државата кога македонецот дома беше гостин. Ќе ве потсетам и на пљачката со тенковските делови кога милиони се крадеа со провизии на грбот на овој народ, додаде Мицкоски пред делчевци. Сиот срам сето понижување денес се спакувани во една Луј Витон чанта, додаде Мицкоски.

Тој се осврна и на предизборната програма на која како што рече работеле експерти за програма која ќе донесе Обнова на Македонија.

-Создадовме 360 страни наречени обнова од првиот до последниот збор. Работеше структура поддржана од коалцијата за Обнова. Во неа ќе прочиатате за 25 проценти повисока плата, повисоки пензии со стариот закон кога два пати годишно растеше пензијата. Има таму напишано како да дојеме до најнизок рамен данок, има нула данок за работодавач кој ќе вработи млади лица до 29 години старост. Има намален ддв за угостители намален ддв од 18 на 10 проценти. Напишано е како до бесплатен приклучок за гас, како до вратено национално достонство. Таму нема преговарање за Гоце Делчев. ние на тој човек ја темелиме нашата држава, не можеме да преговараме за Даме, за Питу, за Тодор, нема никој право да ни ги земе. Нашиот јазик е она што не прави посебни од останатите и секој оној кој вели дека јазикот ни е нечиј дијалект се лаже. Во ниту енда прилика нема да преговараме за мајчиниот јазик кој се изучува на повеќе од 160 универзигтети ширум светот, дополни Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за носителот Игор Јанушев, кој како што рече, е честит и чесен човек кој предвреме ги завршува доделените задачи. Порача граѓаните да излезат и да го заокружат бројот 14 за победата за иднината онаква каква што ја сонуваат граѓаните.

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 Игор Јанушев пред присутните рече дека три и полгодини државата живееме со криминал, корупција и уцени, поради што како што рече е виновен само еден човек.

-Тој човек е Зоран Заев. Во овие три ипол години видовме многу зло, уништување на државата, ги видовме како се обединуваат да лажат, за да си ја спасат сопствената кожа но ние од тука им порачуваме дека ќе одговараат за сите злодела и тоа го ветуваме дека ќе се случи во следните 6 месеци по превземањето на власта, рече Јанушев.

Тој се осврна и на неговиот противкандидат од коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски.

-Го слушам Николовски кој не најде храброст да излезе на дебата еднаш да ги изнесеме аргументите, зборува јавно дека ВМРО ДПМНЕ немало порграма, мерки, па одозгора му било непријатно кога го слушал народот како ги условуваат како северџани. Нели му беше срам 2016 година да се колне како менторот Заев дека се беше во главата на вмровците, кога одеше и ветуваше повеќе за земјоделците без нималку срам и лице, сега со истите лаги го манипулираат народот ама овојпат народот доаѓа по свооето, а тогаш лошо им се пишува, рече Јанушев.

Она што го ветуваме е многу работа и труд, ќе има повеќе за секој еден од Вас, заеднички ќе доаѓаме до секое решение и затоа ве повикувам сите Вас, обесправени стопанственици, професори и доктори, рамо до рамо на 15 јули со пенкало во рака референдумски да излеземе рано од сабајле да го заокружиме број 14 за 14 пратеници во ИЕ 3, истакна во завршното обраќање пред делчевци, Јанушев.

На трибината свое обраќање имаа и кандидатите за пратеници од Делчево Драган Ковачки и Христина Смилевска.

Претходно коалицијата „Обнова за Македонија“ трибина одржа во Берово каде Мицкоски рече дека се чувствува енергија кај народот кој се обединува и сплотува за на 15-ти јули конечно да се победи како што рече ненародната и криминална власт предводена од СДСМ и Заев.

-Чувствувам, една чудна енергија се обединува за обновата. Народот се сплотува како многупати во историјата, и кога било и потешко. Затоа и овој пат, заедно сите на 15-ти јули ќе победиме. Тука никој не треба да има дилема, порача Мицкоски.

Тој од Берово ги повика и досегашните поддржувачи на СДСМ за да се обедини целиот народ против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија и нејзино крајно уништување.

-Најпрвин да си ја ослободиме државата, а после ние ќе ви помогнеме да си ја ослободите партијата од овие кои што ви ја заробија. Нас после 15-ти јули ќе ни треба конструктивна опозиција. Опозиција која заедно со владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за интересите на Македонија. Ова не е само борба на два спротивни концепта, туку и борба помеѓу различни вредности. Ние нема да владееме со народот како што правеше СДСМ, туку ние ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе си ја обновуваме Македонија нашата татковина, порача Мицкоски од трибината во Берово.

Back to top button
Close