Мицкоски од Гевгелија: Дојде време да ги поразиме СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денешниот престој во југоисточниот регион го почна од Гевгелија со посета на фабриката за производство на ПВЦ цевки „Конти Хидропласт“ која е извозно ориентирана фабрика со висок рејтинг во земјава и регионот.

Мицкоски посочи дека е тука да поразговара со граѓаните и стопанствениците, пред нив да ја презентира прогарамата „Обнова на Македонија“ како и за проектите за регионот но и целата држава за наредните четири години доколку владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

-Цениме дека во овој крај ништо не е направено, а овој крај во изминатите повеќе од три години за кого сметаме дека е жртва на погрешните политики на раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев, рече Мицкоски.

Тој истакна дека во минатото од ветеното на претходните парламентарни избори во 2016 и локалните во 2017 година ништо не е испорачано и дека овој народ заслужува многу повеќе поради што се надева дека СДСМ да бидат поразени на изборите на 15 јули.

Back to top button
Close