Мицкоски: Од Комисијата има признание дека се преговора за идентитетот

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека бугарската страна кажала дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво што, како што вели Мицкоски, во превод би значело дека Заев тргува.

„Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Back to top button
Close