Мицкоски од Лозово: Во вториот круг да се излезе уште помасовно, очекувам 59 градоначалници

Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори.

Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, за кого рече дека е „трудољубив млад човек, прекрасна личност и голем Македонец“. Тој додаде дека Цветковски ја има неговата лична и недвосмислена поддршка, како и поддршката од Владата, со која, како што рече, ќе се реализираат бројни проекти во општината.

-Затоа, сакам јасно да ставам до знаење дека ја има мојата лична, недвосмислена поддршка и исто така ја има поддршката на владата со која заедно со општина Лозово ќе направиме многу проекти овдека. Така што, јас сум убеден дека Бошко не само што е добар и успешен градоначалник, туку сигурен сум дека ќе биде добар и уште поуспешен градоначалник во следните четири години, истакна Мицкоски.

Според него, партијата веќе обезбедила победа во 33 општини, а во уште 26 е во водство или блиску до победа.

-Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, рече тој, додавајќи дека во 58 општини коалицијата победила и на советничките листи, обезбедувајќи мнозинство во советите.

Мицкоски ги повика граѓаните на масовна излезност во вториот круг, нагласувајќи дека изборот е јасен, поддршка за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или, како што рече, враќање на коалицијата која „седум години ја ограбуваше и понижуваше Македонија“.

-Втората опција е опцијата која е, практично, коалиција којашто беше влада до пред година и половина, а претходно седум години ја ограбуваше Македонија, ја распродаваше и понижуваше Македонија и ги ограбуваше граѓаните. И таа опција ја нема поддршката на владата. Да гласаме за човек којшто цело време е овде со вас во Лозово“, повика Мицкоски.

Во рамки на активностите за вториот круг од локалните избори Мицкоски денеска ќе присуствува на маалски митинзи и во Росоман, Демир Капија и Неготино

Back to top button
Close