Мицкоски од Сарај: Криминалот нема етничка припадност

„Во изминатите 17 дена, денеска е веќе 18 ден, можам да кажам дека од како започна кампањата за првиот круг претседателски избори кој што ќе колуминира сега за два три дена од денес, енергијата, емоцијата и желбата на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност навистина е на високо ниво, обединувањето околу желбата за промени и обединувањето околу ВМРО-ДПМНЕ е како никогаш порано огромна“ кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Сарај.

„Вакво обединување кое што никогаш порано изминатите три децении не се случило во Македонија, после победата на 8 мај обврзува и претставува голема обврска за нас лидерството во ВМРО-ДПМНЕ да одговориме на вашите очекувања на очекувањата на граѓаните а јас сум убеден дека имајќи го предвид мотивот и желбата да успееме да ја направиме оваа наша заедничка Македонија пристојно место за живеење“, кажа Мицкоски и додаде:

Back to top button
Close