Мицкоски од Тирана: Остануваме ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, порача премиерот од Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот за Планот за раст насловен како „Нашиот пат кон ЕУ“

Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка – порача премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Тирана, Албанија, каде што денеска ќе учествува на Самитот за Планот за раст насловен како „Нашиот пат кон ЕУ“.

Премиерот Христијан Мицкоски и албанскиот премиер Еди Рама во Тирана

„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“порача Мицкоски по пристигнувањето во Тирана.

На Самитот во Тирана присуствуваат лидерите од Западен Балкан, еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и високи претставници на Европската комисија. Самитот ќе се фокусира на Планот за раст, економската интеграција и интеграцијата на регионот кон Единствениот пазар на ЕУ.

Според најавите, Мицкоски ќе се обрати на панел-дискусијата „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Back to top button
Close