Мицкоски: Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи им честиташе на фудбалерит за пласманот во баражот од квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.

Тој заедно со синот Јован натпреварот го проследи од трибините на Националната арена Тодор Проески.

-Љубовта кон фудбалот и црвено жолтата се стекнува, но и пренесува од татко на син. Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје.  Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија! Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија, напиша Мицкоски.

Back to top button
Close