Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ

Дел од централни улици во Скопје беа блокирани. Причината, протестот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, поради случувањата и како што велат од партијата на Мицкоски тајните преговори кои сегашната Влада ги води со Бугарија. ВМРО вчера му постави ултиматум на премиерот Зоран Заев да одговори, какви тајни преговори се воделе викендов во Софија. Денеска бараше оставка од Заев.

„Само политички аматер може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот за полноправно членство во рамките на ЕУ. За жал овие понизни и сервилни политики на Владата предводена од Зоран Заев не доведоа во една ваква ситуација кога буквално треба да бираме помеѓу асимилација и интеграција. Затоа час поскоро оставка.“, рече Мицкоски.

Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем,потенцира Мицкоски. Учесниците на протестот кои дојдоа пред Владата ги оценуваат како катастрофални преговорите со Бугарија.

„Ние сакаме да си ја сочуваме државата,сакаме да си го сочуваме нашиот јазик,сакаме да си ја сочуваме нашата националност, Македонци, не можеме да бидеме како што зборува Бојко една држава дрва народа…“

„Преговорите со Бугарија катастрофални се ,нешто кријат не кажуваат ,она што не го кажуваат ми се чини дека ќе ја снема државата. Мора да преземеме мерки да се спасиме“.

Мицкоски ги најави блокадите синоќа преку социјалните мрежи. А денеска јавно им се извини на граѓаните поради направениот хаос .Ист протест најави и за утре.

Back to top button
Close