Мицкоски: Паѓа индустриското производство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владата не може да исполни осум проценти од тоа што го ветува во економијата

Во моментов заклучно со десеттиот месец од годинава капиталните инвестиции во државата не надминуваат 15 милијарди денари или 250 милиони евра. Ако некој планира три милијарди, тоа значи дека овие 250 милиони евра се некаде околу осум проценти од неговиот план, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Канал 5.

„Тој не може 52 месеци да мрдне повеќе од 250 милиони капитални инвестиции. И што ќе се случи, ќе станат попаметни, поисполнителни, помалку ќе крадат. Ќе донесат тим кој подобро ќе работи, ќе измислат пари, ќе почнат да печатат, бидејќи тие сега не можат да надминат осум проценти од тоа што го ветуваат“,вели Мицкоски.

Тој рече дека според податоците од денеска има пад на индустриското производство во споредба со истиот месец минатата година.

„Еве еден податок од денес, во септември, индустриското прозизводство е за осум проценти помало за разлика од  лани. Градежништвото во  јули и во август е за 14 проценти помало. Ние требаше годинава да излегуваме од кризата. Не може да го качите БДП ако ви е негативно, на пример, индустриското производство“,заклучи Мицкоски.

Back to top button
Close