Мицкоски пак се извини за Данела и најави: Ќе има одговорност со име и презиме за хаосот во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ќе има јасна и персонализирана одговорност за состојбата со отпадот во Скопје и хаосот што, како што рече, го оставила администрацијата на Данела Арсовска.

„Не правиме естрада од ништо. Водиме внимателна политика. Процесите што ги водиме имаат одговорност, а на крајот мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, изјави Мицкоски.

Тој уште еднаш се извини за поддршката на Арсовска, нагласувајќи дека тоа била политичка грешка која нема да ја повтори.

„Еве пак, се извинувам што сум застанал зад Данела Арсовска. Таа грешка нема да ја повторам“, рече премиерот.

Според него, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски се обврзал дека во првите 72 часа по неговиот избор градот ќе биде исчистен од сметот, а потоа ќе следува и институционална одговорност за состојбата.

Back to top button
Close