Мицкоски: Пендаровски пет години никаде го нема

„Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“, рече Мицкоски.

Тој рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски 5 години никаде го немало, „ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин“.

Мицкоски посочи дека „од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во Парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет“.

Back to top button
Close