Мицкоски: Пендаровски се појавува само кога има нарачка од Заев против мене

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикува за неактивност шефот на државата, посочувајќи дека тој не ги коментирал последните случувања во земјава ниту, пак, презел нешто за енергетската криза која, според него, е и безбедносна

Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Страчинце, Гази баба, одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.

„Лидерска средба секогаш може да се случи, но не гледам на која тема. Со кого сега да седнеме, со Пендаровски? Јас не знам, Стево Пендаровски е исчезнат. Го слушнавте ли, даде ли тој некој коментар за ова што се случува во Македонија. Јас не го гледам. Единствено мене што ме критикува одвреме-навреме, кога ќе добие нарачка од Зоран Заев, јас друго не сум го слушнал дека преземал за народот што го гласаше. затоа што енергетската криза подразбира и безбедносна криза, а тоа е негова ингеренција. Јас не сум го слушнал да излезе да побара да се обрати пред пратениците, да организира нешто“,изјави Мицкоски.

Back to top button
Close