Мицкоски: Почната е и нема да запре процедурата за Коцевски и Судскиот совет
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека коалициското партнерство и релациите во Владата се одлични, иако има поединци кои понекогаш можеби сакаат, како што рече, малку да си го поткренат рејтингот.
-Од тоа што го знам, а мислам дека сум доволно информиран, мислам дека е одлично. Понекогаш можеби некои поединци ќе сакаат по малку да си поткренат некој процент од рејтингот, мислејќи дека ќе добијат поголем кредибилиет или легитимитет, но добро е тоа, здраво е, дебатата и внатре во Владата е здрава. Релациите се добри, одлични се, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба.
Во врска со разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелациите на членовите на Судскиот совет, напомена дека два процеса се паралелни, а процедурата е тргната и нема сопирање.
-Министерството за правда е задолжено да достави како ќе оди процедурата. Задутре на владина седница тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање. Да одиме чекор по чекор. Штотуку слетав, пред 15 минути. Да ме избрифираат соработниците што се случуваше. Следно е Судски совет, тие два процеса се паралелни, едно со друго не се во колизија, нагласи премиерот