Мицкоски: Поротникот Сандев треба да оди во пензија, тоа е судската пракса, а тоа што случаи ќе се враќаат од почеток е вина на судот и ЈО кои не биле ажурни во постапката

Само наивен човек може да верува дека Кацарска стигна таму каде што стигна за тоа што е квалитетен судија. А, јас сум се само не сум наивен човек. И исто така може само наивен човек да верува дека во политиката се случуваат работи случајно“,рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за „Охрид 1“.

Мицкоски додаде дека многу добро се знае кој во обвинителството и судството е налогодавач.
„А, што се однесува до поротникот Сандев ситуацијата е јасна, човекот треба да оди во пензија. Имаме пракса во второстепен суд, судија е поротник кој што кога исполнува услови бил испратен во пензија. И тука нема дилема. Ама паѓале случаеви, се враќале од почеток, не е моја вина. Требало да бидат поажурни, граѓаните ги плаќале од Буџетот во СЈО, требало да покренат истрага, да покрене обвиненија, судски процес и тој судски процес да се заврши. Не е моја вина, ниту вина на граѓаните тоа да го трпат“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека никој не е виновен што во меѓувреме Митко Сандев исполни услови за во пензија да оди и тоа имплицира да четири случаеви да се враќаат на самиот почеток.

„Тука треба одговорност да има и обвинителот и судијата и поротниците зошто не биле ажурни. Случајот „Талир“ каде што учествува овој судија поротник е започнат 18 месеци по истекот на законскиот рок од СЈО. На насилен пат се води случајот. Зошто? За да може имотот на ВМРО-ДПМНЕ да биде замрзнат, сметката да биде во одреден период од партијата исто така блокирана, државата обврските кон ВМРО-ДПМНЕ оваа Влада да не си ги исполнува, предводена од СДСМ и Зоран Заев. Зошто? За да може Зоран Заев да има предност на избори, за тоа што нема како. Он нема проекти, он нема политики, он нема визија, он нема стратегија, единственото што му стои на располагање се заробените обвинители, штанцајте обвиненија и кривични пријави, судиите кои што му слугуваат неколкумина вклучително и оваа која што ја споменав Кацарска, кои што испорачуваат тоа што тој испорачува, и поткупот“, појасни Мицкоски.

Back to top button
Close