Мицкоски: Потегот на Ламбе е реакција на погрешните политики и затоа барам да биде ослободен


Потегот на Ламбе Аалабковски е резултат или реакција на политиките на оваа криминална и анационална влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворот на пејачот поради палењето на влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, иако истакна дека не прифаќа насилство како начин за решавање на проблемот, но потенцираше дека тоа било реакција на погрешните политиките во изминатите години.

„Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце“,изјави Мицкоски.

За потсетување, на пејачот Ламбе Алабаковски вчера му беше одреден осумдневен притвор, откако беше уапсен поради палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, за што и сам признал вина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close