Мицкоски потврди: Трезорот се затвора на 15 декември! Гужви и тепачки меѓу граѓаните што чекаат ред!
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди дека Трезорот се затвора на петнаесетти овој месец, многу порано од вообичаената практика.

– Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот, за да може трезорот навремено да ги плати. Бидејќи ако се доставуваат да речеме налозите на 25, 26, 27 или 28 (во месецот) потоа повторно Владата е виновна зошто тоа не е платено. Се разбира дека ќе има толеранција, но ова беше кажано се со цел да можат институциите да одговорно се однесуваат и да може да се изврши плаќањето она коешто Министерството за финансии треба да го направи, истакна Мицкоски.
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од гужвите кои оваа одлука ги предизвика. Поради гужва и нервоза неофицијално дошло и до тепачка помеѓу луѓето кои чекале ред.
Се уште не е објаснето зошто Трезорот се затвора на 15.12 наместо како и секоја година наназад, на самиот крај на месецот. Неофицијалните информации велат дека причината е немање на доволно средства за плаќања на обврските.
Според информациите кои ги добивме, некои институции веќе ги повлекле неискористените средства, што е спротивно на досегашната пракса неискористените средства да бидат повлечени на 31.12.
Инфомакс пртходно објави дека низа на плаќања не се извршени од страна на државата, пред се социјалните надоместоци како породилно отсуство, туѓа нега, гарантирана минимална помош, надоместок за трето дете и слично. Од надлежните институции во неколку наврати ни одговорија дека нема проблеми при плаќањето, односно дека се работи за стандардни процедури, иако некои од овие обврски доцнат и по повеќе од еден месец






