Mицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ за прв пат нема да има кандидати за градоначалници во ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА!

Исклучително конструктивни разговори кои се движат во позитивна насока. Ваква е оценката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за владината коалиција и настапот на локалните избори.

-Очекувам дека некаде по годишните одмори би имале и официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата помеѓу 5-ти и 15-ти август, тие денови, да биде на годишен одмор. Анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат. Втората половина на август месец и тоа да се официјализира. Во меѓувреме разговорите ги завршивме со нашата внатрешна коалиција, со потенцијалните политички партии и идни наши коалициони партнери. Сега ја правиме таа анализа, очекувам до првата половина на август да се затвори и таа тема, истакна Мицкоски.

Додаде дека по ваквите анализи ќе можат да излезат со поддршка за градоначалници, бидејќи како што рече, јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи

-Логично е во сите општини да се поддржуваме едни со други. Мислам дека тоа ќе биде позитивен процес кој ќе заврши во втората половина на август, истакна Мицкоски

Back to top button
Close