Мицкоски: Разочаран сум од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата.
„Народот се згрози од вчерашната пресуда во Тетово. Сторителот кој одзеде млад живот, по жалба Апелацоиониот суд му ја намали казната на 2 години, за Врховниот суд ги укине двете пресуди, и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години кој смртно одзеде недолжен живот, на 22 години
Јавно прашувам, има ли некој во државата кој смета дека имаме задоволена правда?
Како човек и родител сум силно разочаран од оваа одлука. Ова не е правда, и тука има потфрлање на системот. Знам дека некој ќе ми се налути сега поради оваа изјава, но јавно барам од Судскиот совет да го преразгледа работењето на овој судија кој ја донесе одлуката“, рече Мицкоски.