Мицкоски: СДСМ и ДУИ си играат со етничките тензии  

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Злетово порача дека актуелната власт ќе загуби и, како што рече, треба достоинствено да се повлече.

-И во последните денови гледаме невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во нивните редови. Повеќе не зборуваат за проекти, зборуваат само и само за минатото и за ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Тој го обвини лидерот на СДСМ, но и коалицискиот партнер во владата – ДУИ, дека во овој момент се најголемите непријатели на етничките односи во земјава.

-Се што ќе чуете овие денови од нивните усти земете го со резерва. Погледнете само со каква леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт – истакна Мицкоски.

Back to top button
Close