Мицкоски: СДСМ и ДУИ со методи од 17 век сакаат да останат на власт, ми се гади, жалам што сум политичар во моментов

„Се координирав со пратеничката група и ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, се наметнува прашањето дали вреди човек да се занимава со политика во земјава.“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ги случувањата во Собранието денеска.

„Ако е потврдено дека Реџепи е држен против своја волја, тоа кај мене предизвикува силно чувство на гадење. Сведоци сме на една ваква циркуска претстава и жалам што народот е сведок на ова, простете што мора да бидам дел од ваков срам што ние политичарите ви го приредивме. Јас немам такви методи како што имаат СДСМ и ДУИ, да држат во заложништво пратеници и луѓе. Немам сознанија каде е Реџепи. СДСМ и ДУИ со нокти гребат само за да останат таму каде што се и не водат сметка за угледот на Собранието. Не ми паѓа на памет да преговарам. Сите кои мислат дека оваа влада е корумпирана и криминална слободно можат да се придружат“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ако не се појави пратеникот Реџепи, одговор треба да даде МВР.

„Ова се методи налик на оние од 16 и 17 век и предизвикаа големо чувство на гадење“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close