Мицкоски: Се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви во Украина

Ме прашуваат за став за руската агресија врз Украина, а партиските глодари на СДСМ и ДУИ дополнително ќе речат сум немал став додека ја чекаат коската која треба да ја добијат од стопанот со крадени народни пари, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

 

 

Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија: “територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат”. Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви, напиша тој.

Како што вели тој работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата.

Back to top button
Close