Мицкоски се сретна со Генчовска: Бугарија веднаш да го тргне ветото

Претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакнал загриженоста за европската интеграција на Македонија и побарал да се отворат преговорите без условувања.

-Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет . Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close