Мицкоски: Се сретнав со кралот Чарлс Трети – Средбата беше искрена и содржајна

Премиерот Христијан Мицкоски објави деке во Лондон се сретнал со британскиот крал Чарлс Трети.

Од фотографиите кои Мицкоски ги објави на својот Фејсбук се гледа дека средбата била во рамките на приемот организиран за балканските лидери во Лондон.

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“ напиша Мицкоски.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски вели дека имал повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство

Back to top button
Close