Мицкоски: Син ми примаше инфузии по труењето, но демантирам дека бил хоспитализиран.

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди информацијата дека неговиот син бил еден од учениците кои добиле труење во училиштето „Димо Хаџи-Димов“ во Карпош.
Како што вели, синот сега е во добра состојба, откако три дена примал инфузии.
„Антони беше дел од таа група кое им се случи труење. Имаше медиуми кои објавија дека бил во тешка состојба, сакам да демантирам, имаше симптоми како и сите други деца. Да, беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, три дена не одеше на учичиште. Тој е храбро и пргаво живо момче, сака да се дружи, и претпоставувам дека сите меѓу себе биле на ручек, конзумирале иста храна. Оставам институциите да кажат дали е од храната или од нешто друго. Како што знам од Агенцијата за храна и ветеринарство ги прават тие неопходни испитувања, и апелирам да почекаме да не даваме суд. Денеска син ми е веќе подобар, и очекувам од понеделник да се врати на училиште“, рече Мицкоски.






