Мицкоски: Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи нов договор со Бугарија

При денешната посета на општина Штиш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите овие околности кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои што ние цениме дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ а не помагаат, да постигнеме еден вистински добрососедски договор кој што навистина ќе ги подобри односите кои што сега се на катастрофално ниско ниво помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот и помеѓу двете држави Македонија и Бугарија“, нагласи Мицкоски.

 

Back to top button
Close