Мицкоски со 10 прашања за Заев и Филипче
14.09.2021 12:25
325 Читање помалку од 1м
Десет прашања до премиерот Зоран Заев и до министерот за здравство Венко Филипче поставува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; во објава на својот фејсбук-профил, а во врска со трагедијата во Тетово:
- Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
- Дали Министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
- Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
- Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
- Зошто немало доволно медицински персонал и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
- Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
- Кој од власта им се заканува на роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
- Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
- Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
- Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?
ВМРО-ДПМНЕ бара и политичка одговорност за пожарот, во кој загинаа 14 лица, а најави и дека ќе поднесе предлог до Собранието за разрешување на министерот за здравство, откако Филипче поднесе оставка до премиерот, но таа не е доставена досега до парламентот за да биде констатирана.