Мицкоски: Со Мајкл Ватли во вип ложата ги следиме инаугуративните активности на Доналд Трамп. Премиерот Трамп го гледал на монитори во арената на Капитол.
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека заедно со претседателот на Републиканската партија на САД ги следеле инаугуративните активности на Доналд Трамп.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател“,напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски не пишува од која ВИП-ложа ги следел активностите на Трамп, но според фотографиите, станува збор за „Капитал уан арена“ (Capital One Arena), каде беа собрани поддржувачи на Трамп и го очекуваа обраќањето на новиот претседател.
Премиерот Мицкоски не присуствуваше на самиот чин на заклетва на Доналд Трамп кој се случи во Капитол Хил во присуство на раководствата на Сенатот и Претставничкиот дом, досегашните и поранешни претседатели и потпретседатели, членови на новиот владин тим на Трамп, членови на семејството, судии во Врховниот суд…
Според снимките Мицковски не бил меѓу 700 тината официјални гости кои од ротондата на Капитол Хил во живо го слушаат новоизбраниот председател Трамп туку бил во арената на Капитол каде што присутните фанови на Трамп инагурацијата ја следат од огромни монитори.
Како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бил единствен лидер од Балканот кој присуствувал на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп