Мицкоски со пофални зборови за Орбан: Неговиот збор тежи планини, уште долго ќе ја води Унгарија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека неговиот унгарски колега, Виктор Орбан покажал и докажал многу пати во минатото дека е човек со интегритет со свои ставови и дека неговиот збор тежи планини.
„Премиерот Орбан покажа и докажа многу пати во минатото дека е човек со интегритет, свои ставови и неговиот збор планини тежи за што ја има мојата неизмерна почит како човек кој што често пати со своето однесување знае да инспирира. Му честитам за неговите резултати во полето на економијата, инвестициите и реализацијата на капитални инвестиции тука во Унгарија.Тој ја водеше Унгарија, ја води и ќе ја води уште долго, многу стабилно и посветено низ многу немирни и несигурни води, секогаш борејќи се за интересите на својот народ и својата држава“, рече Мицкоски.
Мицкоски од Будимпешта рече дека оваа Влада е фокусирана на исполнување на просперитетот и животот на нашите граѓани и да обезбедиме иднина
„Заедно да поттикнеме и поддржиме Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување на траен и одржлив мир во Украина, преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е во полза и на украинските пријатели, но и во полза на самата Европа. Како земја сме фокусирани на исполнување на нашата обврска да работиме на просперитетот и животот на нашите граѓани и да обезбедиме иднина“, рече Мицкоски.