Мицкоски: Создавањето на семејство е патриотски чин

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски” во Гевгелија зборуваше за демографската слика во државата.

-Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ. Ценам дека двојно зголемените бесплатни ин-витро процедури се во таа насока и тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму“, рече Мицкоски и додаде:

„Во годината што следи ќе имаме многу поробусни акции кои што ќе значат подобрување на демографската слика во Македонија“.

Back to top button
Close