Мицкоски треба да одговори дали комуницирал со групи кои биле следени и зошто, вели Филипче

Продолжуваат партиските преписки околу наводите за прислушкување. ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното Обвинителство на чело со Љупчо Коцевски да истражат кој дал наредба за следење. Тие тврдат дека таргет бил и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од друга страна, СДСМ порачува дека потребна е декласификација на документите од АНБ со што, според нив, би се дало одговор на сите дилеми.

За лидерот на СДСМ, Венко Филипче, една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“,
кажа Филипче во интервју за „Слободен Печат“.

Филипче вели дека специфично прашање е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.

„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“,
вели тој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски,

Пратеникот Стојаноски за„Њузмак Балканс“ вчера посочил дека со овој скандал се отвораат повеќе прашања, за тоа како и зошто тие лица се избрани за прислушкување, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот.

„Се работи за тоа дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години помеѓу 2019 и 2024 злоупотребувала државни ресурси за оперативно следење и оперативна обработка на лидерот на опозицијата на бизнисмени, на новинари, на медиуми. ЈО одбива да даде повеќе информации, ние не знаеме дали ќе биде оформен предмет, ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи вие ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да вие правите опсервација на лидер на опозиција, на бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите од обвинителството, вие правите и државен удар. Треба тие лица кои тоа го дозволиле и коишто тоа го знаеле да бидат повикани на одговорност и да се запрашаат“,
рече Стојаноски.

Back to top button
Close