Мицкоски-Вајц: Акцент ставен на потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата остварил средба со известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, на која акцентот бил ставен врз потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди.

-Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција, објави премиерот Мицкоски на својата Фејсбук страница.

Посебен акцент, како што инфирмира Мицкоски, бил ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди

Back to top button
Close