Мицкоски: Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски остро реагираше на немирите кои попладнево се случија во Вевчани откако полицијата влезе за да го растера вековниот карневал.

Вели дека Владата за своите во Штип е „мајка“, а за народот во Вевчани е „маќеа“.

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Back to top button
Close