Мицкоски: Власта се фали за евтината тарифа, а се прават дека ништо не знаат за поскапувањето на струјата

Покачувањетo на цената на електричната енергија е нешто што оваа Влада не го вети, а го реалзиира веднаш по изборите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и обвинува дека власта, како што вели предводена од Оливер Спасовски и Зоран Заев врши грабеж врз граѓаните.

„Во услови кога имаме тешка криза, ова претставува удар врз стандардот и е грабеж на граѓаните. Ваквиот чекор кој очигледно бил планиран пред изборите претставува измама на граѓаните, кои сега се втурнати во уште поголема сиромаштија. Покачувањето е чекор кој овозможува екстра профит на приватна компанија. Нема друга држава среде ковид-пандемија што покачува цена на струјата, владите субвенционираат. Владата предводена од Спасовски и Заев нека не ја префрла вината кон Регулаторната комисија. Власта е виновна за вакво покачување. Не може до вчера да се фалат со воведување на евтина тарифа, а да се прават дека ништо не знаат за ова“,кажа Мицкоски на денешната прес-конференција.

Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.

 

Back to top button
Close