Мицкоски: Во Албанија има три пати повеќе бугарско население од кај нас, дали и за нив важи истиот услов да се дел од Преамбулата?

Тие само го користат просторот кој што го остави македонската Влада во претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија кои што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам тоа кое што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границата. Но, не само во соседството, туку секаде низ светот”, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е коментарот за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците за бугарско малцинство.

Премиерот Мицкоски нагласи дека бидејќи во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што има во државата, дали и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата.„Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов да се тие во Преамбулата или нема, бидејќи тие имаат три пати повеќе граѓани на Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија. Сега прашањето е дали за нив ќе важи тој услов, или само за нас ќе важи тој услов. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата сега, навистина тогаш не би ја сфатил логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има од три пати повеќе да не важи тоа. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања”, потенцираше претседателот Мицкоски.

Back to top button
Close