Мицкоски во Брисел на Конгресот на Европската народна партија

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со партискиот генерален секретар Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, од денеска до 20 март ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија (ЕНП) во Брисел на свечено одбележување на 50-годишнината на ова политичко семејство, информираат денеска од владејачката партија.

„На свеченоста се одбележуваат пет децении од ЕНП, која има централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности. На Конгресот на ЕНП во Брисел се поканети и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола“,пишува во партиското соопштение.

Според партијата, присуството на Мицкоски и на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир е потврда за цврста определба на државата за европската интеграција, како и за активна вклученост во процесите што ја дефинираат иднината на Европа.

 

„Ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамките на европското политичко семејство“велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, како што се додава, ова е можност и за билатерални средби на делегацијата со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

Back to top button
Close