Мицкоски: Во најскоро време хидросистемот Ѓавoто ќе биде целосно функционален

Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот Ѓавoто и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности за санација на хидросистемот.

-Излеговме на самата траса од хидросистемот Ѓавoто за лично да се увериме и видиме што се случувало повеќе од две децении откако е направен овој хидросистем за да направиме дијагностика по која потоа ќе постапуваме. Детектирани се места каде има пукнати цевки кои треба да ја донесат водата до базенот од каде со други пумпи водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро, изјави Мицкоски и додаде дека три четири години хидросистемот функционирал со расипан цевковод.

Порача дека во најскоро време ќе бидат санирани овие дефекти благодарение на општествено одговорна компанија и додаде дека очекува тоа да се случи во наредните неколку дена со што ќе се зголеми капацитетот на вода која ќе доаѓа до резервоарот од каде со други пумпи ќе биде пренасочена кон езерото.

Во моментов, прецизира, работат две бунарски потпни пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда од вкупно десет со вкупен капацитет од 1.000 литри во секунда.

-Во периодот што следи планираме да оспособиме најмалку четири пумпи, а потоа уште дополнителни две со што цениме дека ќе ги задоволиме потребите за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие изгледот кој што заслужува да го добие за да го користат сите граѓани, посочи Мицкоси.

Од хидроситемот, како што кажа, корист ќе имаат и земјоделците кои ќе можат да ги наводнуваат своите посеви, како и градот Богданци кој во летниот период се снабдува со вода од овој хидросистем.

Најави дека же се санираат и потисните пумпи кои ја буткаат водата кон Дојранското Езеро.

-На следната седница на Влада ќе донесеме одлука Фабриката за опрема и делови во склоп на РЕК Битола две од потисните пумпи да демонтира, да ги санира и повторно да ги врати и монтира. Добив инфрамација од инженерите дека за десет дена можат да ги демонтираат, санираат и повторно да ги монтираат. На ова земјиште, кое е во државна споственост, во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сметките за електрична енергија се 2,5 милиони евра годишно. Со инсталирање на сончеви панели со инсталирана моќност од околу два мегавата и батериски системи од четири мегават часа сметките драматично ќе се намалат, а средствата што ќе бидат заштедени ќе се користат за одржување на цевководот и хидросистемот Ѓавoто, нагласи Мицкоски.

Back to top button
Close