Мицкоски во работна посета на Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцински и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска се во работна посета на Брисел.

Мицкоски и лидерите од земјите од Западен Балкан ќе присуствуваат на работен ручек организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што вчера информираше портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро, на работниот ручек ќе се зборува за односите меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан, како и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, што го подготви Европската комисија и за реформиските агенди поврзани со него.

Дополнително, Мицкоски ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Вчера премиерот најави дека главна тема на неговите средби во Брисел ќе биде Планот за раст на Западниот Балкан, истакнувајќи дека Владата подготвила фантастичен документ за реформската агенда, кој веќе е доставен до Брисел.

Back to top button
Close