Мицкоски за дипломатските пасоши на антикорупционерите: Не треба да се расфрламе со имотот на граѓаните
Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните и тој имот да се користи на начин којшто е надвор од законот, посочи премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со дипломатските пасоши кои ги бараат антикорупционерите.
Мицкоски денеска на поставувањето на камен-темелник за изградба на нова градинка во Трубарево, во одговор на новинарско прашање поврзано со барањето дипломатски пасоши од страна на членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) рече дека Министерството за надворешни работи ќе даде информација дали членовите побарале или не побарале дипломатски пасоши, како и која е политиката на Министерството по ова ова прашање