Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер: Тоа е исто како глушецот кога го задева лавот

Не би го коментирал тоа момче, рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање како ја коментира изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој утрово во изјава за бугарски медиум го нарече северномакедонски премиер.

Нарекувајќи го „момче“ шефот на бугарската дипломатија, Мицкоски рече дека тој само прави тоа што му кажува некој од надвор.

„Јас реков дека тоа момче е пратено за да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност и апелирам и до вас медиумите. Оставете го тоа момче таму. Тоа е влада која во позадина друг ја раководи, тие луѓе треба да одработат. И му рекле, му дале задача, ајде сега закачај се. Тоа е исто како глушецот кога го задева лавот“, рече Мицкоски.

Back to top button
Close