Мицкоски за обвинувањата од СДСМ: Колку пониско удираат, толку повисоко се креваме

Од понеделник нè чека многу работа да ја извадиме Македонија од ова политичко мочуриште во кое сме денес, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани

Црната кампања е од луѓе кои се заглавени во политичко мочуриште што е очекувано од оваа структура – не можат да зборуваат за проекти бидејќи немаат, не можат да зборуваат за иднина бидејќи нè враќаат постојано во минатото и се фокусирани на црна кампања.

Вака одговори на новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го коментира она што го објавува владејачката СДСМ за кандидатите на опозицијата.

„Нека продолжат да удираат ниско, колку тие удрираат пониско, толку ние повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, за нова иднина и така ќе продолжиме уште овие неколку дена од кампањата. Од понеделник не чека многу работа да ја извадиме Македонија од ова политичко мочуриште во кое сме денес“,

рече Мицкоски за време на средбите со граѓани во Кочани во рамки на кампањата за вториот круг од изборите.

Прашан за обвинувањата дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе се вратат меѓуетничките тензии со Албанците, Мицкоски рече дека не очекува друго од Заев, СДСМ и ДУИ и врати со обвинувања кон нив.

„Владата на СДСМ и ДУИ ја направи Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ направи Македонија да е трета во светот по смртност од ковид, ја втурна Македонија на дното по економија, распродажба на националниот идентитет, во образованието, и немаме ниту еден универзитет на Шангајската листа со 100 универзитети. Единствено останува да го палат народот, да го делат на леви и десни, по етничка и верска основа, тие нека останат заглавени во минатото, ние гледаме кон иднината“, рече Мцкоски.

Back to top button
Close