Мицкоски: За три години власт СДСМ ништо не промени во правосудството

За време на предизборниот дуел со Заев,лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски оцени  дека правосудството претставува најголем проблем кај граѓаните, обвинувајки ја власта предводена од СДСМ дека за три години ништо не променила за подобрување на состојбите во правосудството.

-Во сите истражувања на јавното мислење, како правосудството да претставува најголем проблем кај граѓаните. Луѓето се чувствуваат обесправено, се чувствуваат запоставени и тоа не е затоа што системот не го направил тоа, туку едноставно, имам чувство како да народот верува дека токму политичарите го имаат заробено судството. И поради влијанието кое го имаат политичарите и во обвинителството и судството се случуваат тие работи кои им се случуваат на нашите сограѓани. Денеска имате луѓе коишто за парнична постапка кога ќе појдат на суд, тие се чувствуваат обесправено, понижени од самата институција, бидејќи мора предходно да се договарате, да видите дали имате некој близок- рече Мицкоски.

Тоа не е проблем на менталитетот, рече тој, туку на искуство, а искуството се гради врз основа на тоа што се случувало во минатото.

-Го слушав Заев како зборува и си го вратив времето наназад за 4-5 години, си помислив да не сме 2015 или 2016 година, бидејќи буквално истото го слушавме и тогаш и претпоставував кога ја почнуваваме оваа предизборна кампања дека истото ќе го слушаме и сега. Ќе зборуваме за правдата и мирот, буквално сето она коешто имаа можност за три годнин да го направат, но не го сторија- рече Мицкоски.

Back to top button
Close