Мицкоски: Заев повторно излажа, историчарите признаа дека се преговара за идентитетот

„Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата,“ напиша денеска на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој додаде:

„Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува.
Та нели сѐ беше во главата на вмровците?
Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.
Заев е проблемот, а народот е одговорот!,“ напиша Мицкоски.

Back to top button
Close