Мицкоски: Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба, како Влада ќе поддржуваме ваков тип на капитални проекти

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отпочнувањето со градба на основно училиште во Општина Гази Баба, каде ќе можат да учат повеќе од 700 деца.

„Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.

Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.

Градоначалникот на општина Гази Баба, рече дека училиштето ќе биде завршено за околу две години.

Back to top button
Close