Мицкоски зборува бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Димитар Апасиев со кого се осамени во анти ЕУ коалицијата, реагираат преку соопштение од владејачката СДСМ.

„Мицкоски заедно со Апасиев ја лажеа јавноста за македонскиот јазик, за македонската историја и посебност, ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација. Додека првиот се шеташе како манекен, а вториот според информации од медиуми ангажираше и приватно обезбедување на протестите.За разлика од Мицкоски кој знае да зборува на бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот јазик, Владата предводена од СДСМ обезбеди чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, без никакви фусноти.Мицкоски глуми лажен патриот а последната лага се нотарските изјави кои немаат никакво правно дејство“, се наведува во партиското соопштение.

Back to top button
Close