Мицковски- 15 насто не е 18,4 колку што бараа, ние ке им ги покачиме повеќе

 

За опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, спогодбата помеѓу МОН и СОНК за зголемување на платите за 15 отсто во образовниот сектор не одговара на првичните барања на Синдикатот, од каде што бараа 18,4 проценти поголеми плати за вработените во училиштата
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски додаде дека со доаѓање на власт ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе работи за исполнување на обврските од Колективниот договор и за покачување на платите на вработените во образовниот и во секторот на детска заштита
По договорот што вчера го постигнаа претставници на Министерството за образование и наука (МОН) и на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за 15-процентно покачување на платите во образовниот сектор, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека тоа покачување е минимално и оти не одговара на она што на почетокот го побараа Синдикатот и просветните работници.

Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Ресен, опозицискиот лидер истакна дека со доаѓање на власт ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе работи за исполнување на обврските од Колективниот договор и за покачување на платите на вработените во образовниот и во секторот на детска заштита.

„Покачувањето по мене е минимално и не е она што го бараше Синдикатот, но ако ова е доволно за Синдикатот и вработените јас можам само да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи на исполнување на она што е дел од Колективниот договор, а не ваков тип преговори и разговори под притисок и уцени од страна на оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ, туку да го испочитува Колективниот договор онаков каков што е усвоен во минатото. И мислам дека тоа ќе биде еден чекор плус за да имаме мотивиран и образовен кадар во градинките. Тоа е она што јас можам да се обврзам за тоа што ќе направиме во иднина“,

рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, при денешната посета на Ресен.
За изјавата на премиерот Димитар Ковачевски оти е постигнат историски договор со СОНК во однос на платите, Мицкоски истакна дека за него единствен историски белег од овие преговори ќе останат уцените, заканите, омаловажувањата и понижувањата од страна на владата кон просветните работници.

„За мене се историски турбуленциите и понижувањата кои што оваа влада ги направи кон синдикатот, просветните работници и работниците во детските градинки, луѓето кои што треба да се мотивирани и кои што треба да бидат столб на една држава, бидејќи тие ги образуваат идните кадри и во пред школската возраст, а потоа и како основци и дел од средното образование и ние понатаму како професори на универзитетите“,рече тој.
Претходно вчера, лидерот на СОНК, Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири објавија дека по 19 дена преговори со медијатор, успешно го решиле спорот, што значи дека вработените во основното и средното образование ќе добијат 15 отсто повисоки плати од септември, ќе има усогласување на платите со минималната, ќе се потпишат колективни договори со другите барања и штрајкувачите ќе добијат дневници за деновите на штрајкот.

Откако Неделков од СОНК и министерот за образование Шаќири објавија дека постигнале согласност по барањата преку предлози на медијаторот, премиерот Димитар Ковачевски упати апел до Синдикатот за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност за да можат институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието.

Back to top button
Close