Мицковски: Арсовска да не договара провизии од тендерот за нафта во ЈСП

Скопското Јавно соображајно претпријатие (ЈСП) треба да го поништи постоечкиот тендер за набавка на нафта во кој не се нуди рабат и да распише нов на кој ќе учествуваат повеќе компании, па наместо во нечии џебови парите да останат за граѓаните, истакна во саботата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со состојбите во главниот град.

Што се однесува до Град Скопје, мојот совет и до (премиерот Димитар) Ковачевски и до (скопската градоначалничка Данела) Арсовска е кога ќе се среќаваат тајно, наместо да договараат провизии од рабатот што треба да го добие ЈСП да најдат начин да го решат проблемот затоа што секојдневно скопјани се жртви на оваа пинг понг коалиција која што ние ја нарековме коалиција на хаосот.

Затоа, следната средба, еве јавно ги замолувам пред македонската јавност, пред скопјани, тајна јавна или каква и да е, да договорат, има начин како се договара тоа. Прво, или Владата да обезбеди пари преку трансфер или позајмица до Град Скопје и тие да ги исплатат обврските кон приватните превозници или втората е наместо парите да завршуваат кај луѓе кои што се блиски до СДСМ, роднини на Арсовска или луѓе од сметководствениот бизнис, од рабатот за нафта којашто ја набавува ЈСП, да завршат во ЈСП за да ги исплати обврските кон приватните превозници“, рече Мицкоски во текот на денешниот настан во општина Аеродром.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, истакна дека доколку Арсовска им мисли добро на скопјани треба да го поништи постоечкиот тендер за набавка на нафта во ЈСП на кој не е понуден рабат и на новиот тендер да се повикаат сите компании кои тргуваат со нафта во Македонија, па наместо парите од рабатот кој треба да го понудат компаниите да завршува во нечиј џеб, да останат кај граѓаните.

Back to top button
Close